Достапни линкови

Во Собранието изгласана преодната влада


Оливер Спасовски е нов министер за внатрешни работи, а Фросина Ременски за труд и социјална политика. Пратениците во македонското Собрание ги изгласаа предлозите на СДСМ за министри и заменици министри во преодната влада која треба да ги организира изборите на 11 декември.

Кире Наумов е дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство. Дополнителен заменик во МВР е Оливер Андонов, а во министерството за труд Диме Спасов.

Претходно премиерот Емил Димитриев на собраниската седница рече дека очекува од сите членови на владата висока посветеност и да работат совесно и одговорно.

Тој вели дека главен фокус на новата влада треба да биде организирање фер и демократски избори кои никој не ќе може да ги оспори и кои ќе претставуваат крај на политичката криза.

Не помалку важно прашање, според Димитриев, е и започнатиот процес на реформи согласно препораките од меѓународните фактори.

XS
SM
MD
LG