Достапни линкови

Законот против буркините во Франција ќе биде неуставен


Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека би било неуставно доколку во Франција биде усвоен закон со кој се забранува муслиманките да носат буркини на плажа. „Доколку таков закон биде изгласан, тоа ќе доведе до големи тензии во Франција“, рече тој. 30 француски места неодамна забранија носење буркини. Меѓутоа, францускиот Врховен суд деновиве ја поништи ваквата забрана во еден град, одлука која ќе се одрази и во другите места кои донесоа забрана за буркините.

XS
SM
MD
LG