Достапни линкови

Иран уапси член на нуклеарниот преговарачки тим


Иран соопшти дека уапсил член на нивниот преговарачки тим, под сомневање за шпионажа.

Осомничениот бил ослободен со кауција, по неколку дена во затвор, но се уште е под истрага, објавија државните медиуми.

Од судството приведениот го опишаа како "шпион кој се инфилтрирал во нуклеарниот тим."

Локалните медиуми објавија дека властите го притвориле иранско-канадскиот државјанин, Абдолрасоул Дори Есфахани, кој беше член на тимот што работи на укинување на економските санкции, во преговорите за нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

XS
SM
MD
LG