Достапни линкови

Експлозија во Ниш, тројца повредени


Три лица се повредени синоќа во српскиот град Ниш откако експлодирала бомба, поставена под автомобил.

Полицијата во Ниш најави дека наскоро ќе се огласи со соопштение, без да прецизира што точно се случило.

Според неофицијални информации, бомбата била поставена под бел „голф“ со регистерски таблички од Врање.

Еден студент се наоѓа во тешка здравствена ситуација, на друго момче му е ампутирана потколеницата, а на една девојка и е санирана повредата на стапалото и е пуштена на домашно лекување

XS
SM
MD
LG