Достапни линкови

logo-print

Грција од ЕУ добила 845 милиони евра за бегалците


Европската комисија од своите европски фондови на Грција и доделила околу 845 милиони евра за финансирање на потребите на земјата, што произлегоа од растечкиот прилив на бегалци и мигранти, јави весникот „Катимерини“, повикувајќи се на еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос.

Во одговор на прашањето на грчки европратеник, Аврамопулос појаснил дека 500 милиони евра од оваа сума и биле доделени на Грција по линија на националните програми за периодот 2014 -2020 година, а останатите 345 милиони евра биле дадени како вонредна помош.

На вчерашната прес конференција во Атина високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, ја повика Грција да го зголеми квалитетот на засолништата, да ги подобри санитарните услови во нив и да ја зголеми безбедноста во камповите за бегалци.

XS
SM
MD
LG