Достапни линкови

СДСМ бара оставка од градоначалникот Трајановски


Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје денеска побара оставка од скопскиот градоначалник Коце Трајановски бидејќи, според нив, тој е одговорен за последиците од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.

Координаторот на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска обвини дека жртвите од невремето се последица на непреземањето соодветни мерки за заштита од поплави и на недостатокот од инвестиции во патната инфраструктура.

Според СДСМ, градоначалникот Трајановски ништо не презел за да го заштити градот од елементарни непогоди, иако постоел план за заштита и спасување во кој Скопје било означено како место со висок ризик на загрозеност од поплави.

XS
SM
MD
LG