Достапни линкови

Протест против изборна цензура во Хонг Конг


Човек вее знамиња на Кина и на Хонг Конг

Човек вее знамиња на Кина и на Хонг Конг

Стотици демонстранти денеска маршираа низ центарот на Хонг Конг против одлуката да им се забрани да учествуваат на претстојните парламентарни избори на кандидати кои се залагаат за независност. Во последните месеци пет кандидати кои се залагаат за отцепување од Кина беа одбиени да учествуваат на изборите кои треба да се одржат на 4 септември. Официјалните лица велат дека кандидатите имаат ставови кои се противат на од мини-уставот на Хонг Конг.

Критичарите, пат, остро го критикуваат потегот да им се забрани на тие кандидати да учествуваат на избори и велат дека станува збор за цензура. Идејата за независност е отфрлен како незаконска од страна на Пекинг и од страна на властите во Хонг Конг. Идејата за независност долго време беше табу тема, додека во последниве месеци не се појавија нови партии кои водат кампања за отцепување.

XS
SM
MD
LG