Достапни линкови

Путин на седница на Советот за безбедност во Крим


Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Крим, регионот што Русија го анектираше во 2014 година.

Руските медиуми денеска објавија дека тој ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност во Крим и ќе присуствува на форум за млади.

На последната седница на Советот за безбедност во Москва, одржан на 11 август, Путин рече дека треба да се зголеми безбедноста во Крим, откако Москва обвини дека Киев сака да го дестабилизира полуостровот.
Ова е петта посета на Путин на регионот откако е анектиран.

XS
SM
MD
LG