Достапни линкови

logo-print

Груевски и Купчан разговарале за излезот од кризата


Архивска фотогафија

Архивска фотогафија

Актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза, како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со директорот за европски прашања од Националниот совет за безбедност на САД, Чарлс Купчан.

Како што соопшти партијата, од двете страни е искажано мислењето дека политичката криза во Македонија трае предолго и дека е неопходно да се најде излез од актуелната ситуација преку одржување избори на кои народот ќе им даде легитимитет на политичките претставници кои имаат капацитет да ја вратат земјата на реформскиот пат и да се посветат на економскиот просперитет.

Високиот американски политичар освен со лидери на политички партии, ќе се сретне и со претставници на невладини организации и со експерти.

XS
SM
MD
LG