Достапни линкови

Куртулмуш: На Турција и треба силна армија без политички аспирации


Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Турција не може да продолжи по патот на прогресот и развојот со слаба армија и оти никој нема ништо против тоа турските вооружени сили да бидат силни, јави Анадолија.

„Турските вооружени сили имаат само една задача, да ја одбранат државата и татковината. Треба да се изгради армија, која ќе ги исполнува тие задачи и нема да исполнува политички нарачки, ниту ќе има политички аспирации и на никаков начин нема да учествува во политички интервенции. Се надеваме дека ќе успееме во тоа по обидот за преврат од 15 јули“, рече Куртулмуш во интервју за телевизијата Фокс.

Вицепремиерот нагласи дека воените преврати се прават со цел да се промени политичкото раководство, но додаде дека пучот од минатиот месец имал мошне „позлобна цел - политичка дестабилизација на земјата“.

Куртулмуш изјави дека сценариото на заговорниците било подготвено за да предизвика граѓанска војна, а потоа да се подготви Турција за окупирање од некоја странска сила.

„Тоа е јасно и сите докази, кои ги собираме, го откриваат тој план“, рече Куртулмуш.

XS
SM
MD
LG