Достапни линкови

Нема зголемување на борбите во источна Украина


Нема значително зголемување на борбите во украинскиот источен регион Донбас и покрај ескалацијата на тензиите меѓу Киев и Москва, велат украинските власти.

Украинскиот воен портпарол Олександар Мотузјанук вели дека нема прекин на огнот, но дека интензитетот на бомбардирањата е на исто ниво.

Украина е загрижена дека Русија може да ги зголеми борбите во источниот дел, откакао Москва обвини дека Киев планирал дестабилизација на Крим. Вчера руските власти најавија нови безбедносни мерки и поморски вежби во Црното Море, а Украина ги стави своите сили во борбена готовност. Потоа САД ги повика двете страни да покажат воздржаност.

XS
SM
MD
LG