Достапни линкови

logo-print

По стотина нови бегалци дневно во Грција


Во Грција во последните 24 часа пристигнале 169 нови бегалци, а во цела Грција денеска има повеќе од 57 илјади бегалци и мигранти. Најголемиот дел од нив се во северна Грција, потоа во регионот на Атика и во објекти во централниот и јужниот дел на Грција. Ципрас закажува итни состаноци за зголемениот прилив на бегалци.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го прекинал годишниот одмор со цел во следните неколку дена да одржи серија состаноци за да се оцени ситуацијата со зголемениот прилив бегалци на грчките острови, пишуваат грчките весници.

Координативното тело за справување со бегалската криза има задача да направи план за итни случаи кој Грција ќе го претстави на своите европски партнери, пред бегалската криза уште повеќе да се интензивира.

Владини извори истакнале дека и покрај неодамнешното зголемување на нови пристигнувања, ситуацијата во моментов е под контрола.

Сепак, Владата од претпазливост ќе побара „механизам за предупредување“ кој може да се активира во Европа доколку ситуацијата ескалира.

XS
SM
MD
LG