Достапни линкови

Јавното обвинителство ненадлежно за елементарни непогоди


Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, велат од институцијата. Од таму појаснуваат дека согласно Законот за кривична постапка - „Преглед и обдукција на леш ќе се преземе кога постои сомневање дека смртта е предизвикана со кривично дело”.

„Со оглед на тоа што во случајот не постоеше сомнение за сторено кривично дело, надлежен јавен обвинител не издаде наредба за обдукција, туку даде насока телата на починатите да се однесат во капелата во Бутел за идентификација и потоа да се предадат на семејствата за погреб. Секако, според насоките дадени од јавниот обвинител, за секоја спорна смрт и за лица на кои не може да се утврди идентитетот беше оставена можност дополнително да се врши обдукција“, велат од ЈОРМ.

XS
SM
MD
LG