Достапни линкови

Ердоган: Ако нема визи, ќе има мигранти


Спогодбата меѓу Турција и Европската унија за мигрантите нема да биде можна доколку Европската унија не го исполни својот дел од договорот за укинување на визниот режим за турските граѓани, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот весник „Монд“.

„ЕУ не е искрена во однос на Турција, изјави Ердоган во коментар, објавен денеска, нагласувајќи дека укинувањето на визниот режим за турските државјани требаше да почне од 1 јуни.

„Доколку нашите барања не бидат задоволени, реадмисијата повеќе нема да биде можна“, рече турскиот претседател.

XS
SM
MD
LG