Достапни линкови

Фронтекс ја зајакнува контролата на бугарските граници


Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс планира да ја зајакне контролата на бугарските граници, главно со Турција и Србија, по барање на властите во Софија, соопшти денеска Фронтекс.

„Како одговор на барањето од страна на бугарските власти, Фронтекс значително ќе ја зајакне контролата на копнените граници на земјата. Дополнителна поддршка ќе биде дадена главно на границата со Турција“, се додава во соопштението.

Како што јави БТА, во следните неколку недели Фронтекс планира на бугарската граница со Турција да распореди дополнителни сили, вклучувајќи и екипи со специјално обучени кучиња, како и возила опремени со термокамери.

XS
SM
MD
LG