Достапни линкови

logo-print

ЕК: Турција останува кандидат за членство во ЕУ


Турција го задржува кандидатскиот статус за членство во ЕУ, соопшти денеска Европската комисија, откако Австрија повика за прекин на преговорите за присоединување поради „недоволна демократија во земјата по неуспешниот обид за пуч“. Портпаролката на ЕК, Мина Андреева денеска нагласи дека ништо не е сменето во кандидатскиот статус на Турција за членство, додавајќи дека земјата треба да се придржува кон вредностите на ЕУ.

„Напредокот во преговорите за членство се одредува преку повеќе услови, меѓу кои почитување на владеењето на правото, човековите права и основните слободи“, додаде Андреева.

Околу 26.000 луѓе беа притворени во Турција по 15 јули, а десетици илјади државни службеници се отпуштени од работа. Турција е кандидатка за членство во ЕУ од 1991 година, но нејзиното зближување со Унијата оди бавно.

XS
SM
MD
LG