Достапни линкови

Во Турција убиени петмина полицајци


Во напад на курдски бунтовници на истокот на Турција загинале петмина турски полицајци, соопштија локалните власти. Полицајците загинале во експлозија на бомба, поставена на патот во Бинголу. Од петокот досега најмалку 12 турски полицајци загинале во судирите со курдските бунтовници од Работничката партија на Курдистан во провинциите Хакари и Орду. По двегодишен прекин на огнот, судирите меѓу курдите и турците продолжија во минатата година. Во тридецениските судири меѓу двете страни загинаа над 40 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG