Достапни линкови

logo-print

Отпуштени 1389 вработени во турската војска


Во Турција се отпушти од работа 1389 луѓе вработени во војската поради сомневање дека се поврзани со движењето на свештеникот Фејтула Ѓулен, за кого претседателот Реџеп Таип Ердоган тврди дека стои за неуспешниот обид за воен удар во државата. Според извештајот на новинската агенција Анадолу, претседателот Ердоган неколку часа по отпуштањето предложил Генераштабот и разузнавачките служби да бидат под негова надлежност.

За да се донесат такви уставни измени, предлогот ќе треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство, што значи дека Ердоган за тоа ќе треба да добие поддршка и од опозициските партии.

Ердоган изјави дека треба да се затворат сите воени училишта и да се основа еден Универзитет за национална одбрана.

Предложените уставни измени се дел од ппроширената операција по неуспешниот обид за државен удар на 15 ти јули годинава.

XS
SM
MD
LG