Достапни линкови

Турски медиуми објавуваат дека е закажана средба меѓу Путин и Ердоган


Турските државните медиуми објавија дека претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се состане со својот руски колега Владимир Путин во август. Ова ќе биде нивна прва средба лице-в-лице откако Турција собори руски борбен авион минатата година. Цитирајќи претседателски извори, новинската агенција Анадолија објави дека состанокот ќе се одржи во првата недела од август.

Путин претходно на Ердоган телефонски му ја искажал својата поддршка, по спречениот обид за државен удар во Турција.

Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Ердоган се вели дека Путин изјавил оти Москва застанала на страна на " избраната влада на Турција".

Русија воведе санкции кон Турција по соборувањето на рускиот воен авион на сириската граница во ноември 2015 година, предизвикувајќи смрт на руски пилот.

Односите меѓу двете земји, се подобрија од неодамна, отако Ердоган испрати писмо до рускиот претседател со извинување за соборувањето на авионот.

XS
SM
MD
LG