Достапни линкови

ОН: ограничена одговорност за убиствата во источна Украина


Има ограничена одговорност за убиствата во источна Украина, како од сепаратистите, така и од украинските војници, покажува извештајот на Комесарот на ОН за човекови права.
Во извештајот се наведува дека се уште е распространета практиката за убиствата да не се одговара, што од друга страна поттикнува тоа да продолжи и се поткопуваат изгледите дека за нив правно ќе се одговара. Извештајот наВисокиот комесар на Обединетите нации за човекови права објавен денеска се базира на истражување на убиства на повеќе од 9.400 луѓе во регионот на Донбас од почетокот на борбите таму во 2014 година до мај 2016 година. Одговорноста за убиствата ќе биде клучна за да се постигне траен мир во Украина, изјави високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал-Хусеин. Инспекторите на ОН пронашле докази за убиства од страна на сеператистите поддржани од Русија, потоа од украинските војници, полициските сили, како и од доброволци кои се пријавиле за борци.И двете завојувани страни убивале заробеници, а убивале и цивили користејќи непрецизно оружје.Од ОН велат дека некои од убиствата може да се сметаат и за „воени злосторства“.

XS
SM
MD
LG