Достапни линкови

Авганистан не планира мировни преговори со талибанците


Кабинетот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани соопшти дека нема планови за почеток на мировни преговори со талибанците. Од Кабинетот велат дека групата која беше формирана за разговори со талибанците нема планови да се сретне со нив. Групата ја сочинуваат претставници на Авганистан, Пакистан, Кина и САД. Досега групата имаше пет состаноци, но претставници на талибанците одбија да учествуваат на нив. Гани го обвини Пакистан дека служи како засолниште за талибанските лидери, а пакистанските власти ги отфрлаат таквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG