Достапни линкови

Невладините со предлози за излез од кризата


Иницијативата на граѓански организации „Предлог за итни демократски реформи“ бара да се преземат итни чекори во неколку области за излез од политичката криза. За областа медиуми предлагаат Владата веднаш да го повлече Предлог-законот за владино рекламирање, да се избере нов состав на Агенцијата за медиумии на МРТВ да и се обезбеди оддржлив извор на финансирање. Во областа правосудство да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, потоа и да се формираат специјални одделенија во МВР и во Судот за постапките по предметите на СЈО. Во делот јавни финасии бараат преиспитување на одлуката за еврообврзницата, а што се однесува на изборите имаат предлози за изборните комисии, прочистувањето на избирачкиот список, како и да се истражат случаите за притисоци врзвработените во администрацијата.

XS
SM
MD
LG