Достапни линкови

logo-print

Шарената револуција вечер против „еврообврзницата“


За вечер во Скопје е најевен протест на „Шарената револуција“. „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално“, се наведува во повикот до граѓаните. Деновиве се појави ипетиција „Не за еврообврзницата!“ на која граѓаните се изјаснуваат против одлуката за ново задолжување. Претходно владата објави дека издава еврообврзница на 650 милиони евра. Подробности за ова задолжување се очекува да бидат познати по денешната средба на претставници на банките со министри во Владата.

XS
SM
MD
LG