Достапни линкови

Горбачов-НАТО подготвува "жешка војна" против Русија


Поранешниот претседател на Советскиот сојуз Михаил Горбачов го обвини НАТО дека подготвувал “жешка војна” против Русија додавајќи дека реториката на лидерите на алијансата ги притиска лидерите на двете страни кон воена конфронтација.

Како што пренесува Интерфакс тој денеска рекол дека НАТО почнал подготовки за ескалирање на Студената војна во “жешка”.
Неговите коментари следуваат откако лидерите на алијансата во Варшава соопштија дека го поддржале новото големо распоредување на воени сили во Источна Европа.

НАТО соопшти дека потегот е одговор на руската нелегална анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и поддршката која ја даваат на силите кои се борат против Киев во источна Украина.

Горбачов кој беше претседател за време на распаѓањето на Советскиот сојуз рече дека лидерите на НАТО зборувале само за одбрана но всушност подготвувале офанзивни операции.


XS
SM
MD
LG