Достапни линкови

НАТО “обединето” за Русија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека алијансата е обединета околу политиката на “силна одбрана и конструктивен дијалог” кон Русија. Алијансата е обединета, ние сме заедно во нашиот пристап рече тој на денешната прес конференција која се одржува на вториот ден од самитот на НАТО во Варшава.

Столтенберг рече дека тоа е главната порака од самиот на лидерите на НАТО на кој се дискутира за зголемено агресивната Прашан дали НАТО ја гледа Русија како закана, Столтенберг рече дека алијансата не гледа никаква опасна закана против кој било сојузник на НАТО но дека не ужива во стратегиското партнерство со Русија кое како што рече гледале да го развиваат по Студената војна.

Неговиот коментар следува откако вчера лидерите на НАТО го одобрија новото големо распоредување на вооружените сили во источна Европа, најголемо по Студената војна.

Лидерите на 28 земји-членки формално овластија четири мултинационални баталјони со повеќе од илјада војници да бидат предводени од Канада, Германија, Британија и Соединетите Американски Држави. Тие ќе бидат стационирани во Полска и во три други балтички држави.

XS
SM
MD
LG