Достапни линкови

НАТО ќе продолжи со помошта за авганистанските сили


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека алијансата ќе продолжи со обука на авганистанските безбедносни сили во 2017 година и финансиски ќе ги помага до 2020 година.

“Авганистан не е сам и ние остануваме посветени на земјата” рече Столтенберг на прес конференцијата на вториот ден од НАТО самитот во Варшава.

Тој нагласи дека целата на мисијата е обука, поддршка и советување на авганистанската војска и полиција. Многу е важно да се разбере дека ние ја завршивме нашата борбена мисија во 2014 година , додаде Столтенберг објаснувајќи дека за неколку години авганистанските сили станале способни сами да се грижат за безбедноста во својата земја.

Околу 12 000 војници на НАТО и САД се вклучени во мисиите за обука во Авганистан.

XS
SM
MD
LG