Достапни линкови

Бејли-Најголемата санкција веќе се случува


Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли во интервју за Утрински весник оценува дека доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени бидејќи како што вели може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали.
На прашањето кои ќе бидат пораките и предлозите со кои помошникот-државен секретар Викторија Нуланд ќе дојде во Скопје в понеделник, тој ги нагласува ургентните реформски приоритети , владеењето на правото, прашањето за медиумите.

“И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата” вели Бејли.

Во врска пак со санкциите од ЕУ кон Македонија и гласините дека САД веќе применува некои мерки, Бејли вели дека немало да коментира шпекулации, но дека најголемата санкција веќе се случувала.

“Тоа е фактот дека Македонија не напредува на патот кон ЕУ и НАТО и тоа е реален проблем. Тој проблем доведува до тоа некои инвеститори да останат настрана, а некои родители да се загрижени за иднината на своите деца. Ова се најголемите санкции што можат да ви се случат. Ние сакаме да и помогнеме на Македонија да напредува кон НАТО и ЕУ, да воспостави мултиетничка и отпорна демократија” вели Бејли.

XS
SM
MD
LG