Достапни линкови

logo-print

Почнува самитот на НАТО


Во Варшава денеска почнува дводневен самит на НАТО на кој ќе учествуваат лидерите на 28 членки на Алијансата. На самитот се очекува да бидат усвоени во врска со идните чекори на НАТО во однос на Русија, милитантите на Исламската држава и нападите во сајбер просторот. Повеќето аналитичари оценуваат дека ова ќе биде најважен самит на НАТО од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Меѓу одлуките кои ќе се најдат пред лидерите е и распоредувањето мултинационални сили во Полска и Балтичките земји. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека Алијансата сака да му испрати на Кремљ многу јасна порака дека не сака нова Студена војна и конфронтација. „Студената војна е историја и така треба да остане. Идејата за одбрана и дијалог е идејата која ја обединува Алијансата“, изјави Столтенберг. Во пресрет на самитот рускиот амбсадор во НАТО Александар Грушко го обвини НАТО дека на самитот има „агенда на конфронтирање“ и предупреди дека Москва ќе преземе контра мерки.

XS
SM
MD
LG