Достапни линкови

Груби оптимист дека партиските ставови ќе се доближат


Оптимист сум дека ставовите на партиите може да се доближат во наредните денови, изјави Артан Груби, претставник на ДУИ на денешната средба во резиденцијата на ЕУ во скопската населба Пржино меѓу четирите најголеми политички партии, потписници на т.н. пржински Договор од минатата година за решавање на политичката криза. Тој истакна дека денеска било разговарано за избирачкиот список и за работата на медиумите во предизборниот и изборниот период. Груби најави дека вакви средби ќе се одржуваат и во наредните денови.

На денешниот состанок во Пржино, освен него се и Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО – ДПМНЕ и Имер Алиу од ДПА. На средбата присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

XS
SM
MD
LG