Достапни линкови

Полска го ратификува протоколот за Црна Гора во НАТО


Полскиот парламент синоќа едногласно го усвои протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО. Овој документ досега го имаат ратификувано Исланд, Словенија, Унгарија, Словачка, Албанија и Бугарија. Пристапниот протокол е во фаза на разгледување и во американскиот Конгрес, додека британската влада најави дека би можело тој да биде ратификуван наесен. Кога сите 28 членки на НАТО ќе го сторат тоа, тогаш Црна Гора и формално станува полноправна членка на Алијансата. На претстојниот самиот во Варшава неделава Црна Гора ќе има статус на посматрач.

XS
SM
MD
LG