Достапни линкови

Португалија во финалето на Европското фудбалско првенство


Репрезентацијата на Португалија се пласира во финалето на Европското фудбалско првенство во Франција, отако синоќа во полуфиналниот меч ја победи селекцијата на Велс со 2 спрема 0. Головите за Португалија ги постигнаа Роналдо во 50 и Нани во 53 минута од натпреварот. Португалија во финалето ќе игра со победникот од вториот полуфинален меч во кој вечер се состануваат репрезентациите на Франција и на Германија.

XS
SM
MD
LG