Достапни линкови

logo-print

Средба Ахмети - Хајндл за решавање на кризата


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер. На средбата, како што се наведува во соопштението на ДУИ, Ахмети и Хајндл разговарале за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за излез од политичката криза. Ахмети истакнал дека ДУИ е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побрзо и реформите да се спроведуваат со цел да се организираат сеопфатни избори. Ахмети и Хајндл, како што соопшти ДУИ, главно разговарале околу прашањата за прочистување на Избирачкиот список и за медиумите како предуслови за поставување датум за предвремени избори.

XS
SM
MD
LG