Достапни линкови

logo-print

Усвоени измените за екстерното тестирање


Екстерното тестирање да започнува од 6 одделение, добиените оценки да не стојат во сведителството на ученикот и набљудувачите да се избираат на јавен конкурс, предвидуваат новите законски измени за основно и средно образование што денеска беа усвоени од страна на Собранието на Македонија.

Оценките од екстерното тестирање нема да стојат во сведителството, туку во посебен додаток со сведителството.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека измените се исти со барањата на учениците и студентите и оти со нив ќе се подобри квалитетот во основното и во средното образование.

Против екстерното протестираа и учениците и професорите и наставниците, но власта досега не се согласи тоа да биде повлечено и доработено како проект. Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 за да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците. Но, оттогаш го следат бројни контроверзии.

XS
SM
MD
LG