Достапни линкови

Средба Хајндл - ВМРО-ДПМНЕ за политичката состојба


Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл со кого разговараше за актуелната политичка состојба.

„Беше истакнато дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани, се вели во соопштението на владејачката партија.

Во однос на избирачкиот список од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обврзе дека тој е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе се работи на подигнување на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ, како што се вели, не е спорен сегмент.

Во поглед на медиумите било истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ се залага дека не смее да се казнува новинар или медиум за искажан став, како и за релаксирање на казнената политика со што ќе се придонесе за зајакнување на нивната независност и ќе се влијае на унапредување на состојбите.

XS
SM
MD
LG