Достапни линкови

Нуланд во Скопје за кризата, СЈО, изборите


Архивска фотографија - Нуланд во Скопје

Архивска фотографија - Нуланд во Скопје

На 11 јули, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, ќе допатува во Скопје. Тема на разговорите во Македонија ќе биде потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката на работата на Специјалното обвинителство, како и создавање на услови за веродостојни избори .

Нуланд го придружува американски државен секретар на САД, Џон Кери на неговите посети на Грузија, Украина и Полска.

Таа првин на 10 јули ќе ја посети Приштина, каде е планирано да се сретне со косовските политичари и со претставници на граѓанското општество за да разговараат за низа билатерални и регионални прашања, вклучително и за спроведувањето на дијалогот Србија-Косово, евро-атлантската интеграција на земјата и напорите во борбата против корупцијата. По Косово, Нуланд ќе ја посети Албанија. Со тамошните домаќини ќе разговара за многу прашања, меѓу кои и судските реформи. Таа потоа ќе отпатува за Белград. Со српските власти и граѓанскиот сектор ќе разговара за дијалогот со Косово, и пристапувањето на Србија кон ЕУ. За време на својата турнеја, Нуланк ќе го посети и Кипар.

XS
SM
MD
LG