Достапни линкови

Надежи дека Хајндл ќе ги придвижи работите напред


Еврокомесарот Аиво Орав денеска изјави дека очекува посетата на специјалниот пратеник Јоханес Хајндл на Македонија да влијае на развојот на настаните околу решавањето на политичката криза и најави оти меѓународната заедница ќе продолжи да го помага процесот. Тој потсети на неговата изјава даденa пред неколку денови, но рече дека денеска, за жал, нема направено многу позитивни работи кои треба да се пријават. Тој се надева дека утре ќе има состанок на Работната група на сите четири партии и дека се надева оти работите можеби ќе тргнат напред.

Запрашан за тоа како ги коментира посетите на Хајндл и на американскиот помошник државен секретар в понеделник, Орав смета дека е тоа добар развој на настаните.

Хајндл денеска се среќава со лидерите на политичките партии. По средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев, од СДСМ соопштија дека на средбата бил истакнат ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза. Заев посочил дека и за Избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи, се вели во соопштението, на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а коишто може да не зависат од политичките партии.

„Постои јасна согласност дека само фер, регуларни и демократски избори се опција за напредокот на Македонија нејзините граѓани“, стои во соопштението од СДСМ.

XS
SM
MD
LG