Достапни линкови

Собранието ја усвои завршната сметка на ланскиот Буџет


Министерот за финансии Кирил Миновски

Министерот за финансии Кирил Миновски

Собранието ја усвои завршната сметка на Буџетот на Македонија за 2015 година. Според министерот за финансии Кирил Миноски, податоците од завршната сметка покажуваат дека фискалните политики предвидени за 2015 година се остварени и оти се надминати некои параметри. Остварен е, како што рече, раст повисок од предвидениот, извозот бележи раст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега од 24,6 проценти.

Претходно од СДСМ изјавија дека не ја поддржуваат завршната сметка на Буџетот. Според нив, завршната сметка на Буџетот е само уште еден доказ за недомаќинско планирање и реализирање на фискалните и лошите економски политики на власта во 2015 година.

XS
SM
MD
LG