Достапни линкови

logo-print

Хајндл на разговори во Скопје


Германскиот специјален претставник Jоханес Хајндл, денеска во Скопје ќе се сретне со четворицата партиски лидери кои го потпишаа договорот од Пржино за излез од политичката криза во Македонија. „Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите, потписнички на договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“, соопшти германската амбасада во Скопје. При последната посета Хајндл порача дека времето истекува. „Добра вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино и правилата и принципите наведени во него го покажуваат патот на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес беше закочен, кризата продолжува да и наштетува на земјата и искрено кажано, времето истекува“, изјави Хајндл, по средбите во Скопје.

XS
SM
MD
LG