Достапни линкови

Брегзитот нема да влијае врз проширувањето на ЕУ


Лидерите на Франција и на Германија им порачаа на земјите од Западен Балкан дека британското гласање за напуштање на Европската унија нема да биде закана на евентуалното проширување на Унијата. „Британската одлука на никаков начин не ги става под прашалник заложбите што земјите од Балканот ги прават во таа насока. Тие ќе бидат почитувани“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по самитот за Западен Балкан што се одржа во Париз. Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека британската одлука не ја измени европската стратегија на проширување.

XS
SM
MD
LG