Достапни линкови

Семејството Алиу апелира да не се партизира случајот


Да не се партизира случајот со малиот Алмир Алиу од Куманово, кој почина откако беше намерно удрен со автомобил, бараат неговите роднини. Тие не поддржуваат протест, кој според нив, би можел да поттикне понатамошни инциденти или меѓуетничка омраза.

Четиригодишното дете почина во болница откако во него со автомобил удри човек кој се скарал со таткото на момчето во близина на кумановската болница. Тие се скарале во болнцата, но не се познавале претходно. И од семејството на човекот кој со автомобил удри во семејството Алиу изразија жалење и побараа надлежните институции да го решат случајот.

Но и покрај повиците на семејството да не се протестира, за денеска во Куманово под мотото „За правда“ е најавен протестен марш во чест на четиригодишниот Алмир Алиу.

XS
SM
MD
LG