Достапни линкови

За ректорската управа студентските избори беа скандалозни


Седница на ректорската управа на УКИМ

Седница на ректорската управа на УКИМ

Ректорската управа на УКИМ го оцени изборите за претседател на СПУКМ како скандалозни. Изборите ескалираа со физички пресметки при што беа вмешани и припадници на МВР кои, според ректорската управа не биле повикани од одговорните лица на универзитетот. На денешната седница ректорската управа донесе заклучок со кој е формирана комисија која ќе ги разгледа сите факти и докази за настанатата ситуација поврзана со изборите.

На седницата беа присутни и претставници на Студентскиот пленум и на Студентскиот парламент. При говорот на претставниците на Студентскиот пленум беа прикажани и видео инсерти од случувањата на изборите односно инцидентот пред СПУКМ на кој учествуваа и припадниците на МВР.

Од Студентскиот пленум се делумно незадоволни од формирањето комисија затоа што сметаат дека и досега формирањето на такви комисии довело до релативизирање на проблемот. Додека траеше седницата на ректорската управа десетици студенти протестираа, затоа што, како што наведоа бил прекршен етичкиот кодекс на УКИМ.

XS
SM
MD
LG