Достапни линкови

logo-print

САД и помага на Македонија да се движи напред


Работиме за да и помогнеме на Македонија да се движи напред кон членството во НАТО и ЕУ, и да ја надмине политичката криза, порача синоќа од прославата за Денот на незавосноста на САД американскиот амбасадор Џес Бејли.

На прославата по повод 240-годишнината на независноста на Америка, на која присуствуваа целиот државен врв, министри во владата, претставници на институции, на НВО секторот, на верските заедници, дипломатскиот кор, амбасадорот Бејли укажа и на потребата од визионерство во надминување на тековните кризи.

„Абрахам Линколн рекол „најдобриот начин да се предвиди иднината, е таа да се создаде“. Додека се соочуваме со конфликтите и предизвиците на денешницата, треба да се потрудиме да ги решиме со цел идните генерации да можат да се гордеат со нашите одлуки, и да можат да се сеќаваат на нив во места на кои сме направиле добри избори во вистински моменти“, рече Бејли.

XS
SM
MD
LG