Достапни линкови

Американски суд ненадлежен за тужбата на Турција против Ѓулен


Американскиот суд се прогласи за ненадлежен и ја одби тужбата на Турција против муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е жесток противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ѓулен, некогашен близок соработник на Ердоган, денес живее во своеволен егзил во Пенсилванија. Судот ја отфрли тужбата со образложение дека судска постапка за дело сторено во Турција, не може да биде водена во САД. Турските власти го обвинуваат Ѓулен за тероризам, за „насилен обид за уривање на турската република“ и за „политичка шпионажа“. Ѓулен ги негира сите овие обвиненија.

XS
SM
MD
LG