Достапни линкови

logo-print

Специјалци ги исфрлија пленумците од пред СПУКМ


Претставници на Студентскиот пленум велат дека специјалната полиција ЕБР насилно ги исфрлила од пред СПУКМ додека мирно седеле и го чекале досегашниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спировски и претставниците на Парламентот коишто се обиделе да ги внесат гласачките кутии во просториите. Изборниот ден помина со низа нерегуларности и технички недостатоци на кои од Студентскиот пленум постојано укажуваа.

При крајот на гласањето група луѓе, претставувајќи се како студенти, за дел од кои подоцна медиумите излегоа со податоци дека се вработени во локална администрација, упаднаа на Правниот факултет и однесоа неколку кутии со гласови во седиштето на СПУКМ. Според универзитетскиот Статут ливчињата треба да се пребројуваат јавно на самите факултети.

XS
SM
MD
LG