Достапни линкови

Иванов - Странски претседатели лично ми ги кажаа сценаријата за Македонија


Не само што сме перманентно известувани од партнерските служби, туку и претседатели на неколку држави лично ми соопштија детали за сценарија што се подготвувани за Македонија и за она што допрва нè очекува, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за весникот Дневник. Тој вели дека биле мобилизирани и активирани и одредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата, но оти безбедносните служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме.

Претседателот Иванов вели дека местото за решавање на сите спорни прашања, па и кризи е токму во институциите на државата, а не во странските амбасади. Со тоа се покажува сервилност кон странците, вели тој.

XS
SM
MD
LG