Достапни линкови

Тесен резултат на референдумот во Британија


Најновите резултати од британскиот референдум за останување или за заминување од Европската унија покажуваат дека во водство се оние што гласале за напуштање на унијата. Според британските медиуми, по над две третини од пребројаните гласови скоро 11 милиони гласачи се изјасниле за останување на Британија во Унијата додека над 11 ипол милиони за напуштање на Унијата. Според некои медиуми, можноста да победат оние што се за заминување на Британија се скоро 85 насто. Резултатот на референдумот постојано се менува во зависност од кој регион доаѓаат првичните резултати. Во истовреме, британската фунта падна на најниско ниво во однос на доларот во последниве 31 година. Тоа, според новинската агенција Асошитед прес, е поради зголемените шанси на референдумот да биде изгласано Британија да си оди од Унијата.

XS
SM
MD
LG