Достапни линкови

logo-print

Северна Кореа лансира две ракети со среден дострел


Северна Кореа денеска лансира две ракети со среден дострел. Една од нив минала 250 милји пред да падне во Јапонско море. Тоа, според оценките, е најефикасниот тест досега. Овој потег е во спротивност со серијата резолуции на Обединетите нации со кои на Пјонгјанг му се забранува да користи ракетна технологија. Северна Кореа ги отфрла резолуциите, оценувајќи дека тие претставуваат мешање во внатрешните работи на земјата. Јапонија и Јужна Кореа оценија дека последните лансирања претставуваат сериозна провокација која не би требало да се толерира.

XS
SM
MD
LG