Достапни линкови

logo-print

СДСМ поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе кривична пријава против судиката Александра Поп Стефанија.

„Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот. Во име на владеењето на правото и законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има“, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Според СДСМ, судиката Поп Стефанија е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци.

„Заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија со кое го прогласи СЈО за ненадлежно, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине. Потсетуваме на обврската на Судскиот совет да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот, рече Николовски, додавајќи дека Судскиот совет има обврска да поведе постапка и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски за нестручно и несовесно работење и кршење на прописите.“

XS
SM
MD
LG