Достапни линкови

Македонските ракометари на Светското првенство


Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Франција. Македонија во Скопје го доби реванш дуелот во баражот против Чешка со седум голови разлика 34:27, со што ја анулира негативата од шест голови по првиот меч одигран во Злин, што заврши со резултат 28-22. Најефикасен во македонската селекција беше дејан Манасков со 11 гола, а капитенот Кирил Лазаров средбата ја заврши со 8 гола. Овој натпревар беше последен за долгогодишните репрезентативци Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски, во репрезентацијата која сега ќе има повеќе време комплетно да се подмлади, пред новиот настап на завршницата на Мундијалот во Франција.

XS
SM
MD
LG