Достапни линкови

Геј парадата во Киев се одржа без инциденти


Геј парадата во главниот град на Украина се одржа без поголеми инциденти и со големо полициско присуство. Според извештаите, 6.000 полицајци го обезбедуваа Маршот за еднаковост на кој имаше околу 1.000 учесници. На маршот присуствуваа и амбасадорот на Шведска во Украина Андреас фон Бекерат, Ребека Хармс, претседателката на Партијата на зелените во Европскиот парламент, и Сергеј Лукашено, член на украинската Собрание. Повеќе од 30 лица се уапсени од полицијата пред и за време на маршот. Десет демонстранти и пет полицајци беа повредени на митингот на геј-заедницата во 2015 година, кога контра демонстранти ги нападнаа учесниците, и покрај присуството на американски и европски дипломати на маршот. На овогодинешниот марш, учесниците помина низ метален детектор за да се провери присуството на опасни предмети.

XS
SM
MD
LG